Хоти: Нема да разговараме за ништо друго освен за признавање

438

Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, изјави дека неговата делегација сака да разговара во Вашингтон само за признавањето на независноста на земјата.

„ Нема да разговараме за други теми освен за признавање“, рече Хоти во краткото вклучување за група новинари од Вашингтон, што телевизија „Клан Косова“ го пренесе на Фејсбук.

„ Нема да има други разговори со Србија, освен за взаемно признавање“, рече Хоти од Вашингтон.

Тој додаде дека е можно да се постигне договор за економски прашања, но истакна дека тоа е само чекор кон конечен договор.

„ И, тоа е признание“, заклучи Хоти во изјавата вечерва, за време на паузата меѓу првата и втората рунда од разговорите во Белата куќа.