И покрај растот на новозаразени, Италија не размислува за затворање на земјата

0
44

И порај растот на бројот на новозаразени, италијанската Влада не размислува за повторно затворање на земјата за да го спречи ширењето на коронавирусот.

Италија, една од најтешко погодените земји во Европа со над 35.000 смртни случаи, вчера соопшти за 1.071 нови случаи, првпат надминувајќи 1.000 случаи на ден, откако владата во мај ги олесни мерките за заштита.

„Нема да имаме ново затворање“, рече министерот за здравство Роберто Сперанца за весникот „Ла Стампа“. Според него, сегашната состојба не може да се спореди со таа од февруари и март, кога болеста се ширеше вон контрола и беше тешко да се следат и изолираат заразените лица.