Игротеките почнуваат со работа

0
71

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките.

„Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во услови на епидемија со Ковид-19 и препорача строго почитување на мерките за спречување на ширење на Ковид-19 инфекцијата и усвоениот протокол при вршење на дејноста. Одговорноста за целосно спроведување на одредбите од протоколот е обврска на вршителите на дејноста“, се наведува во соопштението.

Владата, исто така, ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да почнат со работа дневните центри за лица со попреченост со стриктно почитување на мерките и веќе усвоениот протоколот за работа на дневните центри во услови на епидемија.

Исто така, на предлог на Комисијата, Владата го усвои предложениот протокол и препорача почнување со организација за снимање со долгометражни филмови, со почитување на мерките.