Инцидент меѓу две семејства кај старата градска болница во Скопје, интервенирала и полицијата

484

Во близина на болницата за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, поранешна градска болница, во Скопје вечерa вечер дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на членови на семејства при претходно случена сообраќајна незгода во која според првичните сознанија било удрено дете, информираат од МВР.

Двете семејства прво вербално, а потоа и физички се пресметале по што интервенирала полицијата.

Екипи на Министерството излегле на увид на лице место со цел утврдување детали за настанот.