Интер му посака добредојде на Видал

0
373

Интер во вторникот потврди дека Артуро Видал пристигнал во клубот. Видал во Интер пристигна од Барселона каде што ги мина претходните две сезони.

Претпладнево Чилеанецот ги минал лекарските прегледи по што го ставил својот потпис на договорот со Интер. Видал и Интер договориле две годишна соработка, со можност таа да биде продолжена на уште една година. Фудбалерот годишно ќе заработува 6.000.000 евра.

Видал во тимот што го предводи Антони Конте пристигна како слободен играч, Барселона од неговиот трансфер може да заработи само доколку бидат исполнети одредени бонуси кои се вметнати во договорот.

Видал и Конте имаа успешна соработка во Јувентус, во периодот 2011-2014. Видал кариерата ја започнал во Коло-Коло во 2007 година, а во кариерата играл и во Баер Лверкузен и Баерн Минхен.https://platform.twitter.com/embed/index.html?creatorScreenName=makfax&dnt=false&embedId=twitter-widget-0&frame=false&hideCard=false&hideThread=false&id=1308330427040649221&lang=en&origin=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsport%2Finter-mu-posaka-dobredojde-na-vidal%2F&siteScreenName=makfax&theme=light&widgetsVersion=219d021%3A1598982042171&width=550px