Интер ставија точка на трансферот на Лаутаро

0
275

Лаутаро Мартинез и наредната сезона ќе го носи дресот на Интер. Информацијата и ставот на клубот ги потврди потпретседателот на Интер Хавиер Занети.

„Лаутаро нема да замине од Интер. Тој е наша сегашност и иднина“, рекол Занети.

Медиумите претходно речиси цела година пишуваа дека Барселона го зака Аргентинецот во својот тим, како замена за ветеранот Луис Суарез.

Занти за „Фокс спорт“ рекол дека Лаутаро е среќен во Интер и дека е свесен за големината на клубот.

Договорот на Лаутаро со Интер искеткува во 2023 година. Минатата сезона напаѓачот постигна 21 гол на 49 одиграни натпревари во сите натпреварувања.