Исчезнат скопјанец пронајден мртов кај Црн Врв

0
58

Четириесет и петгодишен маж вчера бил пронајден мртов на местото викано „Празна торба“, над Црн Врв.

Како што наведува МВР, претходниот ден сопругата на сега починатиот У.Ф. пријавила дека се оддалечил од дома. Во близина бил пронајден и неговиот автомобил „лада нива“.

Извршен бил увид на местото на настанот, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.