Истрага против жител на Арачиново поради недозволено поседување оружје и муниција

0
227

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против Жител на Арачиново за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и муниција.

Осомничениот 21-годишен жител на Арачиново, во својот автомобил „ауди 4“ неовластено држел оружје и муниција – полуавтоматски пиштол Токарев ТТ-33 со калибар 7,62Х25 мм, како и пет куршуми од тој калибар. Оружјето било пронајдено на 8 септември, кога овластени полициски службеници го пресретнале осомничениот на клучката Арачиново во правец кон населба Ченто.

Со цел обезбедување присуство на осомничениот во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје му предложи да определи мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска осомничениот да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје, како и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање.​