Измамена скопјанка за 500 долари

0
271

Седумдесет и деветгодишна скопјанка пријавила во полицијата дека едно лице ја измамило за сума од 500 долари.

Според пријавеното, лицето дошло во нејзиниот дом и се претставило како дете на нивен познајник и ѝ ги побарало парите по што пријавителката му поверувала и му ги дала, велат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.