„Ја нападнале неговата сестра и го провоцирале со „Ф.к Јунајтед“

345

Англиските медиуми се обидуваат да откријат што се случувало пред две вечери на грчкиот остров Миконос каде беше уапсен капитенот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер.

Дел од медиумите наведуваат дека Мегваер застанал во одбрана на својата сестра која била прободена во раката по што започнала тепачка во еден бар на Миконос.

Други медиуми пак тврдат дека Мегвер ја започнал тепачката со неколкумина англиски државјани откако тие го провоцирале со извиците: „Ф.к Јунајтед“.

Откако полицијата пристигнала Мегваер со нив влегол во вербалена, а потоа и во физичка пресметка.

Повикувајќи се на изјави на очевидци англиските медиуми пишуваат дека Мегваер им викал на полицајците, а кога тргнал физички да се пресмета со нов петмина од ни го совладале и му ставиле лисици на рацете.

Мегваер демантирал дека неговите пријатели се обиделе да ги поткупат полицајците.