Јуве го отпушти тренерот Сари, елиминацијата од Лион му пресуди

414

Калчолигашот Јувентус преку социјалните мрежи денеска го потврди отказот за тренерот Маурицио Сари. Кормиларот на „Старата дама“ иако тврдеше дека е недопирлив на тренерската позиција, сепак елиминацијата уште во осминафиналето во ЛШ му пресуди.

Не помогна ниту фактот што Јувентус го доведе до деветтото Скудето во низа. Сепак, се чини клубот од Торино потфрли во другите натпреварувања.

Сари седна на тренерското место во Јувентус минатото лето кога дојде од Челси. Го замени Масимилијано Алегри, а целта која му беше поставена – титула во Лигата на шампионите.

Сари сезонава имаше неколку конфликти со првата ѕвезда, Кристијано Роналдо, а критики на негова сметка стигнуваа и од навивачите на клубот.

Засега не е познато кој ќе го наследи, а прво од имињата кое денеска се споменува како можен предводник на „црно-белите“ е Аргентинецот Маурисио Покетино.

Official | Maurizio Sarri relieved of his duties.https://t.co/39vYyBXaqo pic.twitter.com/k2dxnmkokT

— JuventusFC (#Stron9er 🏆🏆🏆🏆🏆🏆🏆🏆🏆) (@juventusfcen) August 8, 2020