Јужна Кореја: 88 лица повредени во пожар што зафати зграда на 33 ката

0
54

Повеќе лица се повредени во пожар шо избувна во 33-катна станбена зграда во јужнокорејскиот град Улсан. Силниот ветер предизвикал огнот кој избувнал изутрината брзо да се прошири на сите катови.

Најмалку 88 лица биле хоспитализирани поради полесни повреди , соопшти Министерството за внатрешни работи и безбедност на Јужна Кореја. Нема информации за смртни случаи или за лица со сериозни повреди.

Некои медиуми покажаа снимки од зградата зафатена со пламен и плочи од бетон што паѓаат на улица.

https://www.bbc.com/news/av/embed/p08tt11b/54470378

Стотици жители се евакуирани од високата зграда, соопштија властите. Спасени се уште 77 лица кои избегале до покривот и другите места во зградата.

Додека се испитуваат причините за пожарот, се смета дека пожарот започнал меѓу 8. и 12 кат.