Јужна Кореја ги затвори училиштата во Сеул поради коронавирусот

0
299

Јужна Кореја нареди да се затворат повеќето училишта во Сеул и околните подрачја и наставата да продолжи преку интернет, во најновата во низа мерки за претпазливост со цел спречување на понатамошен раст на бројот на заболени од коронавирус.

Корејските центри за контрола и превенција на болести до вчера на полноќ пријавиле 280 случаи, па земјата сега има 17.945 заразени и 310 починати.

Тоа значи пад во дневниот број на новозаразени. До саботата на полноќ имало 397 случаи, што беше највисока дневна бројка од почетокот на март.

Иако повеќето нови случаи се наоѓаат во густо населената област на главниот град, здравствените власти велат дека земјата е на работ на повторна појава на инфекцијата и ги повикуваат луѓето да останат дома и да избегнуваат патувања.

Сите студенти, освен средношколци, во градовите Сеул и Инчеон и покраината Геонџи ќе имаат часови преку Интернет до 11 септември, соопшти Министерството за образование.

Во последните две недели, најмалку 150 ученици и 43 вработени во училиштата биле позитивни на коронавирус во поголемата област во Сеул, изјави министерот за образование, Јуо Еун-ха.

Сеул вчера за првпат нареди маските да бидат задолжителни и на затворен и на отворен јавен простор и да се затворат цркви, ноќни клубови, караоке барови и други места со висок ризик.