Каде одат парите што АД Бутел ги заработува од маката на народот?

0
213

Колумна на Катерина Тодороска:

Деновиве, поточно, изминатиов викенд, бев на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје. Како и порано, чекав да наполнам вода за утринското полевање на цвеќињата на гробиштата Бутел. Во такви ситуации, несакајќи, ќе слушнете и она што го зборуваат другите граѓани.

Две повозрасни жени, кои според муабетот малку се познаваа, полнеа вода на една од чешмите во гробиштата. Двете соодветно заштитени и на пристојно растојание една од друга. Гласното говорење не можеше да не се чуе, иако муабетот не го фатив од почеток.

– И затоа ти велам срамно, ова никако не може поинаку да се нарече освен грабеж. Кај ги изгоре девојчето, па и овие од Бутел ги изгореа. Па, бива ли гробно место да биде 5 илјади евра.

– Море да ти е страв да умреш. Затоа јас си собирам пари за закоп за да не ги тошам децата. Барем гробно место имаме, си плаќам редовно…..

Чув многу работи, чекајќи си го редот да наполнам вода. Од сѐ разбрав дека муабетеа за покојна девојка кога е погребана на гробно место каде што порано беше гробарската куќичка. Секако, во име на „заработката“ сега нема гробарска куќичка, ама има „елитни“ гробови. И толку од моето „чешмарење“.

Прашања, кои не можете да ги избегнете, кога е во прашање АД Бутел има многу. Реакции сум слушала, читала, а и многу сум пишувала. Она што не е јасно е колку е годишна „заработка“ на АД Бутел од маката на имателите на гробните места? А бидејќи положбата на гробовите, безброј од клупите, пристапните патишта до гробовите, хигиената и што уште не, во гробиштата во Бутел се катастрофални, прашањето е каде одат парите што АД Бутел ги заработува од маката на народот?

Секако, ќе ми одговорите дека АД си е АД и сами си решаваат за сѐ, ама АД мора да има и контрола.