Казнети 105 возачи во Скопје, 13 возеле без возачка дозвола

0
49

На територијата на главниот град вчера биле изречени 105 казни заради сообраќајни прекршоци, информираат од МВР.

Според ресорното министерство, 13 возачи добиле казни заради возење без возачка дозвола, а 6 за управување под дејство на алкохол. За 11 била изречена казна за нерегистрирани и технички неисправни возила, 2 биле казнети поминување на црвено светло, 7 мерки биле изречени за користење на мобилен телефон, 4 за некористење на сигурносен појас и 8 санкции за непрописно паркирање.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопштуваат од МВР.