Казнети 306 лица за неносење маска

0
42

Полицијата вчера казнила 306 лица за неносење маска.

„Во текот на изминатото деноноќие (8/9.11.2020) на територијата на Република Северна Македонија во однос на мерката за носење лична заштита на лицето регистрирани се 306 прекршоци“, соопшти МВР.

Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.