Казнети 415 лица за неносење заштитна маска

0
253

Полицијата вчера казнила 415 лица за неносење заштитна маска.

„Во текот на изминатото деноноќие (29/30.08.2020) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 415 прекршоци“, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.