Казнети 504 лица за неносење маски

0
40

Полицијата казнила 504 лица за неносење заштитна маска, што е законска обврска од 1 мај.

„Во текот на изминатото деноноќие (10/11.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 504 прекршоци“, соопшти МВР

Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.