Казнети 879 лица за неносење маска

0
35

Полицијата вчера казнила 879 лица за неносење маска, што е законска обврска од 1 мај. Од денеска, пак, маските за должителни насекаде, и во отворен и во затворен простор.

„Во текот на изминатото деноноќие (28/29.10.2020) на територијата на Република Северна Македонија во однос на мерката за носење лична заштита на лицето регистрирани се 879 прекршоци“, соопшти МВР.

Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.

Казната за неносење маска е 20 евра.