Казнето 391 лице за неносење маска

0
209

Полицијата казнила 391 лице за неносење маска што е законска обврска од 1 мај, како дел од мерките во борбата против коронавирусот.

„Во текот на изминатото деноноќие (09/10.09.2020) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 391 прекршок“, соопшти МВР.

Министерството апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.