Казни за 221 возач во Скопје

0
45

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 221 мерки, меѓу кои 28 за возење без возачка дозвола, 20 за нерегистрирани возила, 9 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло), 17 мерки за користење на мобилен телефон при управување на возило, 10 за некористење сигурносен појас. Изречени се и 45 мерки за непрописно паркирање, 32 возила се подигнати со „пајак“, 21 санкција за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.