Казни за 597 лица кои не носеле маски

0
230

Во текот на изминатото деноноќие по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 597 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Според последните податици, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.780, бројката на оздравени пациенти е 13.949, на починати е 700, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.131