Казни за 93 возачи, седумина поминале на црвено светло

101

На територија на град Скопје изречени се вкупно 93 мерки, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина имало 16 санкции и три мерки за возење без возачка дозвола.

-Изречени се седум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), три за нерегистрирани возила, се наведува во соопштението.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од полицијата.