Кокаин и марихуана пронајдени кај туристи во Струга

404

Во одделни случаи во текот на вчерашниот ден, струшката полиција пронашла кокаин и марихуана, кај скопјанец и штипјанец кои за време на викендот престојувале во градот.

Во првиот случај во 22.40 часот на стручката улица „Владо Малески“, полицијата уапсила 33-годишен скопјанец, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин.

Нешто подоцна, односно 35 минути по полноќ, во близина на хотел во струшкото село Калишта, полицијата уапсила 22-годишник од Штип, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

Двајцата посетители биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.