Короната го одложи дуелот на Вардар 1961 кај ПИК Сегед

0
69

Стигна и официјална потврда за она што се шпекулираше деновиве. Дуелот меѓу унгарски ПИК Сегед и европскиот ракометен шампион, скопски Вардар што требаше да се игра задутре е одложен.

Причината за ова е тоа што поголем дел од ракометарите на унгарскиот тим се позитивни на вирусот Ковид 19.

Информациите се дека комплетниот тим на ПИК Сегед е во карантин, па поради тоа мечот е одложен.

Вардарци втор меч по ред не успеваат да го одиграат својот меч во Лигата на шампиони. „Црвено-црните“ минатата недела не го одиграа во Скопје мечот против норвешки Елверум по налог на ЕХФ. Одложувањето беше поради тоа што по враќањето од Македонија ракометарите на Елверум ќе мораа да бидат во 14-дневен карантин, поради тамошните протоколи.

Досега се уште актуелниот европски ракометен владетел одигра само еден меч во новата сезона. Загуби со 24-22 во Брест (Белорусија), кај екипата на Мешков.