Коронавирус во седиштето на ОН во Виена – досега 43 заразени

360

Во седиштето на Обединетите нации во Виена се поголем број на заразени со коронавирус.

Здравствениот систем во седиштето на ОН соопшти дека се откриени пет нови случаи на зараза. Се работи за три лица кои работат во Меѓународната агенција за атомска енергија, едно во Канцеларијата на ОН за борба против наркотици и криминал, како и едно лице во Организацијата за индустриски развој.

„ Вкупниот број на вработени во седиштето на ОН во Виена, кои се позитивни тестирани на коронавирус е 43“ соопштија здравствените власти. Како што се додава 36 позитивни во меѓувреме оздравеле.