Ковачевски планира да му каже на Петков дека планира во Благоевград да отвори македонски културен центар

231

До крајот на годината во бугарскиот град Благоевград премиерот Димитар Ковачевски има план да се отвори македонски културен центар. Ова денеска го најави македонскиот премиер на седница на парламентот посветена на пратеничките прашања. Во полемиката со опозициската пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи тој рече дека за оваа намера ќе го информира бугарскиот премиер Кирил Петков.

-Планирам директно да го информирам премиерот Петков, дека во наредниот период планираме да отвориме културен центар во Бугарија, а името ќе го одредиме во координација со нашиот Институт за историја и почитувана Мизрахи, ќе ве повикам да дојдете со мене на отворањето, рече Ковачевски.

Претходно, пратеничката Мизрахи во прашањето до Ковачевски рече дека отворањето на бугарскиот културен клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола било понижувачко и дека на него присуствувал цел државен врв на Бугарија кој го негира нашиот идентитет, а Владата не правила ништо и нема никаков одговор на ваквите провокации.