Крадци во Германија украле 6,5 милиони евра од царина

0
33

Крадци украле 6,5 милиони евра во готовина од царинската испостава во Дуизбург. Крадците отвориле дупка во подрумот и ги извадиле парите од царинската испостава, наведува „Билд“.

„Според доказите што ги собравме, грабежот е професионално испланиран и извршен“, соопшти полицијата.

„Тројца засега непознати сторители користеа машина за дупчење за да стигнат од соседната просторија до подрумот на зградата, а потоа и до сефот“, додаваат тие.

Сведоците пријавиле дека во неделата околу 6 часот наутро слушнале силно брмчење на машина за дупчење. Околу 10:45 часот, забележале тројца мажи во темна облека со темни капи, како неколку пати одат од зградата каде што биле парите до блискиот паркинг.

Таму било паркирано бело комбе со лизгачка врата во кое тие ги ставиле парите.

Друг сведок рече дека го видел осомничениот и го фотографирал. Полицијата ги објави фотографиите. Се верува дека човекот во еден автомобил возел во иста насока како и мажите во комбето.

Царината нуди награда од 100.000 евра за информации што ќе доведат до апсење на сторителот или до пронаоѓање на парите.