Кривична пријава за директорка на градинка во Македонска Каменица

0
32

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В.Ј.(52) од Македонска Каменица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”.

Од 01.01.2017 до 31.12.2017 во Македонска Каменица таа, како директор на детска градинка, без да спроведе постапка за прибирање понуди и спротивно на чл.28 и чл.100 од Законот за јавни набавки, во повеќе наврати без одлука и спроведена транспарентна постапка, извршила набавка на стоки и услуги во вредност од над 500 евра во денарска противвредност, и тоа од повеќе правни лица во вкупна вредност од 271.649 денари, а во еден случај извршила делење на истородна услуга – превоз на деца, со што постапила спротивно на чл.27 ст.1 од Законот за јавни набавки и извршила набавка на услуга во износ од 35.047 денари. Со ова пријавената, без да спроведе тендерски постапки извршила набавка на разни стоки и услуги во вкупна вредност од 306.696 денари, со што повластила одредени правни лица да се стекнат со корист, соопшти МВР.