Кривична против 20-годишник од Визбегово кој превезувал 80 мигранти

0
289

Во уринските часови на 15 август на регионалниот пат Неготино-Градско, кај стар мотел Градско, полицијата запрела камион „мерцедес 911“, со скопски регистарски ознаки.

Веднаш по застанувањето, возачот побегнал, но набргу бил пронајден и уапсен.

Како што информираат од МВР, станува збор за А.Ф. (20) од скопското село Визбегово.

При преглед во товарниот дел во возилото биле пронајдени 80 мигранти, 79 од Пакистан и едно лице од Еритреја.

Увид бил извршен од полициски екипи, а за настанот бил известен Јавен обвинител, по чија наредба против А.Ф. била поднесена кривична пријава. Исто така, по наредба на Јавниот обвинител мигрантите ќе бидат сместени во прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.