Крушевчанец со измама склучил договор за купување на 2 тона дизел гориво

0
228

Канцеларијата за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против 37-годишниот Ј.Х.(37) од Крушево, поради сомнение за сторено кривично дело „измама во службата“.

Како што информираат од МВР, на 5. април минатата година, пријавениот, при склучување на усмен договор за купување на 2.132,96 литри дизел гориво, го довел во заблуда оштетениот Б.Е., на тој начин што му го прикрил фактот дека фирмата купувач од Крушево била со блокирана банкарска сметка уште од 2. септември 2018.

Со тоа крушевчанецот нанел штета во вкупен износ од 130.111 денари.