ЛЕ: Интер за два гола подобар од Хетафе, Јунајтед рутинирано со ЛАСК

0
97

Калчолигашот Интер и премиерлигашот Манчестер Јунајтед се двете екипи кои покрај ФК Копенхаген и Шахтјор Доњецк денеска обезбедија пласман меѓу осумте најдобри во Лигата на Европа.

„Нероазурите“ со 2-0 славеа рутинирано против шпански Хетафе на неутрален терен, во Гелзенкирхен.

Интер до водство од 1-0 дојде по една соло акција на Ромелу Лукаку во 33 минута кога успеа да се ослободи од својот чувар и прецизно да бие покрај стативата.

Хетафе пропушти 100-процентна можност за израмнување во 75 минута. По ВАР асистенција, добија пенал, Годин играл со рака во шеснаесетникот. Капитенот Молина биеше неколку сантиметри покрај голот на Хандановиќ.

Казната ги стигна само 8 минути подоцна. Штотуку влезениот во игра, Ериксен искористи една неспретна интервенција на дефанзивците на Хетафе, па биеше прецизно за 2-0.

На „Олд Трафорд“ Манчестер Јунајтед со 2-1 го победи ЛАСК, но мечот беше решен уште на првиот дуел кој „ѓаволите“ го добија со 5-0.

Стрелци за Јунајтед во новата победа беа Лингард во 57 и Марсијал во 88 минута, а почесниот гол за гостите (прекрасен волеј удар) беше дело на Висингер во 55 минута.