ЛЕ: Шкендија и Ренова со победи на Кавказот, Шкупи „испадна“

0
324

Шкендија и Ренова успеаја да го минат првото квалификациско коло во Лига Европа по гостинските победи, додека Шкупи не ја мина првата пречка.

Шкендија со два гола од пенал успеа да стигне до 2:0 победа над азербејџанскит клуб Сумгаит. Бесарт Ибраими во 56. минута и Љупче Дориев во 89. минута ја обезбедија големата победа на тетовци.

Во Ерменија, голот на Ненад Мишковски во 58. минута беше доволен за Ренова да стигне до 1:0 триумф над Алашкерт.

Само Шкупи, кои исто така гостуваа во Азербејџан, загуби со 2:1 на гостувањето кај Нефчи од Баку.