Леброн им пресуди на Клиперси, Јута подобри од Њу Орлеанс

0
95

Во Орландо по неколку месечна пауза е рестартирана сезоната во НБА лигата. На програмата беа дуелите помеѓу Лејкерс и Клиперс, односно Јута Џез и Њу Орлеанс Пеликанс.

Градското дерби на Лос Анџелес беше решено во последните 100 секунди и заврши со триумф на Лејкерс 1013:101. Пол Џорџ погоди две тројки за 101:101, а конечниот резултат го постави Леброн Џејмс.

Ентони Дејвис ги предводеше „езерџиите“ со 34 поени и осум скока, Леброн забележа 16 поени, 11 скокови и седум асистенции. Кај Клиперс се истакнаа Пол Џорџ со 30 и Каваи Ленард со 28 поени.

Јута Џез славеа во дуелот со Њу Орлеанс Пеликанс 106:104. Џордан Кларксон забележа 23 поени за Јута, додека кај Пеликанс најефикасни беа Брендон Инграм со 23 и Џеј Џеј Редик со 21 поен.