Ливерпул и официјално го потврди новиот договор на Јирген Клоп според кој германскиот стратег ќе остане на Енфилд до 2026 година.
Иако до неодамна Јирген Клоп велеше дека ќе си замине кога ќе му истече договорот, сепак Германецот се предомисли и во наредните четири години ќе биде тренер на Ливерпул.
„Ливерпул со задоволство може да соопшти дека Јирген Клоп поптиша нов договор со клубот“, се вели во соопштението на Ливерпул.
Актуелниот договор на Клоп со Ливерпул траеше до 2024 година, со новиот го продолжи за нови две, што значи дека на Енфилд ќе остане до 2026.