ЛШ: „Бикот“ го победи ПСЖ, Мората блесна за Јуве, Халанд повторно во елемент!

0
56

РБ Лајпциг ја искомпликува ситуацијата во групата Х со 2:1 победа над Пари Сен-Жермен, додека другите фаворити немаа ваква мака во вечер полна со пенали во Лигата на шампионите.

Барселона со 2:1 го совлада десеткуваниот Динамо Киев (еден пенал – Лео Меси), Алваро Мората со два гола ги предводеше Јуве до 4:1 победа кај Ференцварош, Ерлинг Халанд го „збудале“ Бриж за 3:0 победа на Дортмунд, додека Челси со 3:0 (два пенали) го победи Рен во Лондон.

Лајпциг по 5:0 поразот од Манчестер јунајтед во претходното коло, рано беа во негатива и со ПСЖ, откако Анхел ди Марија го отвори резултатот уште во шестата минута, а Аргентинецот во 16. минута доби шанса за удвојување на водството од пенал, но голманот Петер Гулач му ја фати топката.

Тимот на Јулијан Нагелсман успеа да израмни преку Нкунку во 43. минута и потоа да дојде во водство (од пенал) преку Ерик Форсберг во 48 минута. Идриса Геје доби втор жолт картон за ПСЖ да го завршат мечот со играч помалку. Лајпциг се израмнија со Јунајтед со 6 поени, ПСЖ има 3 како и Башакшехир.

Јувентус ја оправда фаворитската улога во Будимпешта, со два гола на Алваро Мората и два на Пауло Дибала стигна до 4:0 победа над Ференцварош, додека Барса остана совршена со 2:1 победа над Динамо Киев.

 ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 3.КОЛО

ГРУПА Е

Челси – Рен 3:0

Севилја – Краснодар 3:2

Табела: 1.Челси 7, 2.Севилја 7, 3.Краснодар 1, 4.Рен 1

ГРУПА Ф

Зенит Санкт Петерсбург – Лацио 1:1

Клуб Бриж – Борусија Дортмунд 0:3

Табела: 1.Дортмунд 6, 2.Лацио 5, 3.Бриж 4, 4.Зенит 1

ГРУПА Г

Барселона – Динамо Киев 2:1

Ференцварош – Јувентус 1:4

Табела: 1.Барселона 9, 2.Јувентус 6, 3.Динамо Киев 1, 4.Ференцварош 1

ГРУПА Х

Башакшехир – Манчестер јунајтед 2:1

РБ Лајпциг – Пари Сен-Жермен 2:1

Табела: 1.Манчестер ј. 6, 2.Лајпциг 6, 3.ПСЖ 3, 4.Башакшехир 3

ЛАЈПЦИГ – ПСЖ

ФЕРЕНЦВАРОШ – ЈУВЕНТУС

БАРСЕЛОНА – ДИНАМО КИЕВ

ЧЕЛСИ – РЕН

БРИЖ – БОРУСИЈА ДОРТМУНД

СЕВИЛЈА – КРАСНОДАР