ЛШ: Флензбург до славна камбек победа во Париз!

0
81

Флензбург стигна до фантастична 29:28 победа на гости кај Пари Сен-Жермен за совршен 2-0 старт на новата сезона од Лигата на шампионите во групата А (каде што се и Вардар), каде што се промовираа во фаворити за првото место.

Тимот на Раул Гонзалез имаше фантастично прво полувреме, во кое успеа да направи предност од 18:14, меѓутоа германскиот тим имаше фуриозен финиш на мечот за да ја преземе контролата и во драматична завршница да стигне до победа.

Хампус Ване имаше шест гола за Флензбург, Штајнхаузер, Готфридсон и Јоханесен додадоа по четири гола, додека за ПСЖ, Лука Карабатиќ беше најефикасен со пет постигнати голови.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 2.КОЛО

Порто – Мешков Брест 27:25 (12:9)

Пари Сен-Жермен – Флензбург 28:29 (18:14)