Мајка донела пакет на затвореник, во него пронајдена дрога

398

Вчера во 11.03 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа – Затвор Штип било пријавено дека во затворот,  во пакет наменет за затвореникот Х.В., кој го донела неговата мајка Б.В., службени лица пронашле марихуана.

„Полициски службеници извршиле увид и ја одзеле марихуаната. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.