Мајка и син пронајдени починати во стан во Бутел

0
31

Во вечерните часови на 3 јануари во скопската полиција било пријавено дека во дом на улицата Призренска, која се наоѓа во населбата Кучевишка Бара, општина Бутел, биле пронајдени починати Љ.Б. (91) и нејзиниот син М.Б. (57).

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од брзата помош, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле предадени за обдукција.