Македонец осомничен за двојно убиство на Малта

0
97

Македонецот Виктор Драгомански е уапсен на Малта како второосомничен за двојно убиство што се случило во градот Слиема.

Како што пренесува „Тајмс оф Малта“, тој бил уапсен по драматична потера во Гзира. По пријава, полицијата го опколила хотелот во кој се криел Драгомански кој кога сфатил дека е опкружен излегол на покривот по што следела потера.

Малтешките медиуми пренесуваат дека Драгомански работел како обезбедувач во ноќен клуб во местото Пачевил.

Првоосомничен за убиството е албанскиот државјанин Даниел Мука (25). Тој бил изведен пред суд и се изјаснил за невин.

Двајцата се обвинети за убиство на Кристијан Пандолфино и неговиот партнер Ивор Мациејовски. Тие биле убиени во нивниот дом во Слиема на 18 август со огнено оружје. Двајцата биле колекционери на уметнички дела.