Фудбалсата репрезентација на Македонија, која пред неколку недели избори пласман на Евро 2021, ја задржа 65. позиција на ранг-листата на ФИФА. Ова е претпоследната листа што ФИФА ја објави оваа година.
Македонија во ноември славеше две победи, над Грузија (1:0) и Естонија (2:1), и забележа пораз од Ерменија (0:1).
На врвот на оваа листа првите шест репрезентации – Белгија, Франција, Бразил, Англија, Португалија и Шпанија – ги задржаа своите позиции, Аргентина го скокна Уругвај, деветти е Мексико, а десетта Италија.
Мексиканците напредуваа две места, а од топ-10 испадна Хрватска.
Хрватите се најдобро пласирани од репрезентациите што произлегоа од поранешна Југославија. Србија е на 30., Босна и Херцеговина на 55., на 62. и 63. се Словенија, односно Црна Гора, а Косово е на 117. место.