Македонија е прва резерва на СП во Египет

0
52

Македонија не успеа регуларно да се квалификува на Светското ракометно првенство кое во јануари ќе се одржи во Египет, сепак останува некаква надеж дека може да дојдеме до таму, ЕХФ соопшти дека ние сме прва резерва.

Во нормално време можеби нема ниту да обрнеме внимание дека сме прва резерва за Светското првенство, но во време на пандемија на ковид-19 се може да се случи.
ЕХФ состави листа на чекање во случај некоја од земјите учеснички да го откаже својот настап.
На таа листа прва е Македонија, потоа следуваат Швајцарија, Холандија, Црна Гора, Украина и Србија.