Македонија на чекор од историски пласман на Европско првенство

0
60

Фудбалската репрезентација на Македонија ја совлада селекцијата на Косово со 2:1 (2:1) и се пласираше во финалето на плеј-офот од Лигата на нациите и ќе се бори за пласман на Европско првенство 2021 година.

На Арената „Тодор Проески“ во Скопје, резултатот го отвори Кололи со автогол во мрежата на гостите, израмни Флорент Хадерѓонај за Косово, а само неколку минути подоцна Велковски, по асистенција на Енис Барди, го постави конечниот резултат за радост на македонската нација.