Македонија од четвртиот „шешир“ ги чека противниците за пласман на СП

0
50

Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва, ќе ги дознае противниците во квалификациите за Светското првенство во Катар. Македонија е сместена во четвртиот „шешир“, заедно со Босна и Херцеговина, Словенија, Албанија, Бугарија, Израел, Белорусија, Грузија и Лукембург.

Носители на ждрепката која во 18 часот ќе започне во Цирих ќе бидат Белгија, Франција, Англија, Португалија, Шпанија, Италија, Хрватска, Данска, Германија и Холандија.

Директен пласман на Светскоот првенство ќе изборат само победниците на групите. Второпласираните и две најдобри репрезентации од Лигата на нации ќе играат бараж. Тие 12 селекции ќе бидат поделени во три групи, со по четири тима, ќе се игра полу-финале и финале, а само победниците ќе се пласираат во Катар.

Квалификациите за Катар ќе започнат во март наредната година.