Македонија останува 65. на најновата ФИФА ранг листа

0
47
Нема промени на ФИФА ранг листата за Македонија, останавме на 65. место, исто како и минатиот месец.
Од противниците во квалификациите за Светското првенство, убедливо најдобра е Германија која е 13., Романија е 37, Исланд 46, Ерменија 99, а најслаб е Лихтенштајн кој е на 181. место.
Прва на ФИФА ранг листата останува Белгија, а во топ 10 се уште и Франција, Бразил, Англија, Португалија, Шпанија, Аргентина, Уругвај, Мексико и Италија.