Македонија со 10 играчи изддржа за реми кај Грузија

0
244

Македонската фудбалска репрезентација останува непоразена по два меча во Лигата на нации на УЕФА, откако на гостувањето кај потенцијалниот противник во баражот за ЕП 2021, Грузија, одигравме 1:1 откако поголемиот дел од второто полувреме го игравме со играч помалку.

Во Тбилиси, Грузија дојде во водство во 13. минута со пенал по стартот на Езѓан Алиоски над Кваратшкелија, а Торнике Окриашвили беше сигурен од белата точка. Сепак, по одлична акција на Горан Пандев, Стефан Ристовски успеа да израмни на 1:1 во 33. минута од мечот.

Во второто полувреме, ритамот на игра беше одлучен во 64. минута, кога Висар Муслиу доби црвен картон за опасен лизгачки старт над грузискиот капитен Канкава. По ова домаќините имаа повеќе од играта, но не успеаја да стигнат до победа.

Македонија е прва на табелата со 4 поени, колку што има и Грузија, додека Ерменија има 3, а Естонија е без поени.

Ерменија, се созеде од поразот од Македонија, и славеше со лесни 2:0 против аутсајдерот Естонија со головите на Карапетјан и Ангуло. Следен меч на селекцијата на Игор Ангеловски е гостувањето кај Естонија во октомври.

ЛИГА НА НАЦИИ, ЛИГА Ц, ГРУПА 2

Грузија – МАКЕДОНИЈА 1:1

Ерменија – Естонија 2:0

Табела: 1.Македонија 4, 2.Грузија 4, 3.Ерменија 3, 4.Естонија 0

Фото: ФФ на Грузија

ГРУЗИЈА – МАКЕДОНИЈА


ЕРМЕНИЈА – ЕСТОНИЈА