Македонија во четвртиот „шешир“

0
29

Фудбалската репрезентација на Македонија противниците во квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар ќе ги чека од четвртиот „шешир“. Ждрепката за Мундијалот во Катар ќе се одржи на 7 декември.

Македонија во квалификациите нема да може да игра со Словенија, Црна Гора, Бугарија, Албанија, Белорусија, Израел, Грузија. Последното коло, во Лигата на нации, ќе ги одреди имињата на уште две селекции кои ќе бидат во четвртиот „шешир“. Во овој момент тоа се Грција и Луксембург.

Доколку се случи Грција да напредува, тогаш од третиот во четвртиот „шешир“ можат да испаднат Финска или Босна и Херцеговина, а исто така можно е Луксембург да испаднат од четвртиот „шешир“, а од петтиот на неговото место да влезат Кипар или Ерменија.

Во овој момент сигурни се репрезентациите кои ќе бидат во првиот „шешир“. Од групата носители Македонија може да ги извлече: Белгија, Франција, Англија, Португалија, Шпанија, Хрватска, Италија, Данска, Германија и Холандија.