Македонска дипломатка во ОН се самоубила во својот стан во Менхетен

0
65

38-годишна дипломатка од македонската мисија во ОН беше најдена мртва во нејзиниот стан во Менхетн во Њурјок на новогодишната ноќ, објави „Њујорк Пост“, а потоа веста беше преземена и од американските национални телевизии. Извори од полицијата за американскиот весник кажале дека се работи за очигледно убиство.

Таа била најдена лежејќи на стомак со каиш околу вратот во спалната на нејзиниот стан, а полицајците нашле антидепресиви и лекарства за спиење.

Домарот на зградата за „Њујорк Пост“ изјави дека таа живеела во стан на четвртиот спрат од зградата две години. Била најдена откако ѝ дошол гостин, а не одговарала на ѕвончето, по што била повикана Брза помош.

Во првичната верзија на веста на „Њујорк Пост“ беа објавени и името и презимето на дипломатката, но беа избришани по неколку минути.