Македонските државјани ќе може да патуваат во Црна Гора без ПЦР тест

0
45

Македонските државјани ќе може да влегуваат во Црна Гора без негативен ПЦР тест во периодот кој наскоро ќе биде определен, соопштија црногорските власти.

Црногорскиот министер за финансии и социјална помош Милојко Спаиќ вчера информира дека сите ограничувачки мерки за посета на Црна Гора оваа сезона, вклучително и тестирањето за ПЦР, ќе бидат укинати за туристите од Русија, Белорусија, Украина и Македонија.

-Задоволство ми е да ве известам дека сите ограничувачки мерки, вклучително и тестирање на ПЦР, за граѓаните на Русија, Белорусија, Украина и С. Македонија ќе бидат укинати за посета на Црна Гора оваа туристичка сезона, напиша Спајиќ на својот профил на Твитер, на руски јазик.

Тој рече дека Црна Гора останува безбедна и сигурна дестинација и оваа година.

-Сакам да ги поздравам сите што ќе одлучат да ја посетат Црна Гора, додаде Спајиќ.