Македонските државјани во Србија можат БЕЗ ПЦР-тест ако транзитираат

0
83

Македонските државјани кои транзитираат низ територијата на Србија од денеска не е потребно да приложуваат негативен ПЦР-тест при влез во оваа земја според новите правила кои ги донесе Министерството за здравство на Србија.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, во согласност со Упатството на Министерството за здравство на Република Србија, објавено во Службениот гласник, прецизирано е дека влез во Србија за македонски државјани е дозволен доколку се поседува негативен ПцР-тест за присуство на коронавирус, не постар од 48 часа од датумот на издавање, издаден од референтната лабораторија на земјата од каде влегуваат во Србија.

-Доколку само се транзитира низ територијата на Србија, македонските државјани не е потребно да приложуваат негативен ПЦР-тест, со тоа што периодот на транзитирање е ограничен на 12 часа од моментот на преминување на границата, се наведува во одлуката.